Венизелос ги отфрла тврдењата дека во Грција се обучуваат џихадисти

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос демантираше дека Атина била предупредена од американските власти дека во Грција се врши обука на екстремисти или дека од земјата заминуваат џихадистички борци во странство, пишува весникот „Катимерини“.

– Не сме добиле такво предупредување. Ние имаме тесна соработка со американската администрација и со сите други сојузници, истакна Венизелос, одговарајќи на прашањето во врска со тврдењата дека ЦИА и соопштила на Атина за седум лица со грчко потекло, кои се бореле во странство како џихадисти.

Шефот на грчката дипломатија, по вчерашната средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, нагласи дека „Грција учествува во меѓународната мобилизација против Исламска држава (ИД)“.

Грчката полиција во петокот, исто така, ги отфрли тврдењата дека во земјата се обучуваат џихадисти.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица