Гласачите мора да ја донесат ПАСОК до третото место на изборите во недела за да се гарантира стабилност, изјави лидерот на партијата Евангелос Венизелос, во говор што синоќа го одржа во предградието Неа Смирни, југоисточно од Атина.
Според него, влогот на овие избори е „дали нацијата ќе направи чекор напред за да излезе од меморандумот и да достигне нова фаза или дали ќе отиде неколку чекори наназад, бришејќи ги жртвите и постигнувањата на грчкиот народ“, јави дописникот на МИА од Атина.
ПАСОК е заинтересиран за државната безбедност, рече Венизелос, и го повтори предлогот од 2012 година за Влада во која ќе соработуваат сите демократски проевропски сили.