Велтвохе: Кога победува Вучиќ, медиумите пишуваат за „украдени избори“, а кога Бајден ќе победи – се е чисто

Од:

Кога српскиот претседател Александар Вучиќ победи со 47 отсто, медиумите пишуваат за „украдени избори“, а кога Бајден ќе го победи Доналд Трамп – тогаш се е беспрекорно.

Ова го наведува швајцарскиот неделник „Велтвохе“ во врска со протестите на опозицијата во Белград.

Откако СНС, чија листа ја предводеше претседателот Александар Вучиќ, победи на парламентарните избори со 47 отсто од гласовите, и медиумите во Швајцарија се револтирани поради наводно „украдените избори“.

Опозицијата – „обединета само во борбата против претседателот“ – не сака да го прифати резултатот од демократските избори и оттогаш секој ден гласно протестира во Белград. Се жалат на притисоци, манипулации и купување гласови без да дадат никакви убедливи докази.

Дневниот весник „Ное Цирихер цајтунг“ (НЗЗ), исто така, го зазема наративот на студентите кои протестираат за губење на изборите поради наводните десетици илјади фантомски гласачи во избирачките списоци. Сепак, бунтот на опозицијата во никој случај не беше само мирен протест. Изборните губитници од опозициската алијанса „Србија против насилството“ се обидоа насилно да упаднат во Градското собрание во Белград и направија голема штета. Тие се качуваа на зградата, фрлаа камења и кршеа прозорци.

Полицијата со мака успеа да ги избрка демонстрантите. Секако, полицајците веднаш беа обвинети на социјалните мрежи за насилничко однесување и употреба на прекумерна сила.

Интересно е како западните медиуми ги коментираат различните паралелни настани во САД и Србија.

Кога поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп пријавија изборна кражба, нерегуларности и манипулации, сè веднаш беше префрлено во „царството на бајките“, забележува „Велтвохе“.

Ретко кој во Западна Европа не ги прикажа Џо Бајден и неговите сопартијци како беспрекорни демократи кои не можат да ја заматат водата. И кога поддржувачите на Трамп упаднаа во Капитол во Вашингтон, коментаторите беа речиси запрепастени од постапките на оваа неконтролирана толпа.

Но, ако приближно истото сценарио се случи во Белград, а со тоа и во омразената Србија, секако се ќе биде обратно“, се заклучува во текстот на „Велтвохе“.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

Вучиќ: Разговорот со Трамп е голема чест и успех за Србија

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ