ЕУ интензивно трага по соодветна личност за новата функција – специјален пратеник за Западен Балкан, а најсериозен кандидат е шефот на словачката дипломатија Мирослав лајчак, јави „Вечерње новости“.
Според весникот, целта на ЕУ е пред сè да се ублажи влијанието на САД во регионот.
„Новости“, повикувајќи се на добро информирани извори, тврди дека Лајчак на почетокот на неделата, во врска со оваа функција, имал двочасовна средба со идниот шеф на европската дипломатија Жозеп Борел.
– САД имаат два претставник за Западен Балкан, а ние ниту еден. Затоа и вака ни оди, наводно изјавил Лајчак, алудирајќи на бавноста на проширувањето е сè поголемата оддалеченост на регионот од ЕУ, тврди српскиот весник.