Варуфакис: Заканите од ЕУ се нелегитимни

Од:

Заканите од ЕУ дека до крајот на месецот би можела да го запре финансирањето на банкарскиот сектор во Грција се нелегитимни, оцени грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

Како што објави „Дејли Текеграф“, Европската унија ја услови исплатата на нови средства за Грција со исполнување на строгите мерки на штедење и договорените реформи, додека новата грчка Влада најави откажување од програмата за помош и сопствен план со кој грчкиот долг би се трансформирал во државни обврзници.

Претставници на Европската централна банка (ЕЦБ) последниве денови во неколку наврати ја предупредија Грција дека доколку не соработува со „тројката“ меѓународни гредитори и не се придржува кон мерките утврдени со програмата за помош, по 28 февруари ЕЦБ повеќе нема да ги прифаќа грчките државни обврзници како гаранција за исплата на кредити. Доколку ЕЦБ ја спроведе ваквата закана, грчките банки ќе останат без 54 милијарди евра, кои им се исплаќаат за одржување на нивната ликвидноист.

Варуфакис изјави дека го замолил Брисел да го зголеми лимитот од 15 милијарди за емисија на краткорочни обврзници на грчкото Министерство за финансии, мерка која, според него е „крајно неопходна“ за обезбедување средства во следните месеци.

– Тие пари ни се неопходни до јуни, за да можеме да го подготвине нашиот план, посочи Веруфакис.

Но, за таква мерка согласност треба да дадат сите три членки на „тројката“, која покрај ЕУ ја сочинуваат и ЕЦБ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). За таа цел Варуфакис денеска во Франкфурт ќе има средба со првиот човек на ЕЦБ, Марио Драги.

Грчкиот министер е оптимист околу барањата на Атина, нагласувајќи дека Грција има поддршка од еврозоната.

– Французите се посебно заинтересирани да застанеме на нозе. Тие се многу вознемирени од тоа што се случува во Европа и не сакаат да молчат додека гледаат како се задушуваме, бидјеќи стравуваат дека и тие ќе го загубат тлото под нозете, потенцира Варуфакис.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит