Варуфакис: Грција е цврсто решена да не ги прифати предлозите на ЕУ

Од:

Грција е цврсто решена да не ги прифати последните предлози на Европската Унија, чија цел е постигнување договор меѓу Атина и кредиторите, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.   

– Тоа беше агресивен гест со намера да се тероризира  Владата, несфаќајќи дека оваа грчка Влада не може да биде тероризирана, изјави Варуфакис за весникот „Протот Тема“.

Европската комисија на Грција и достави документ од пет страници со конкретни економски мерки, како основа за постигнување договор, кои вклучуваа зголемување на ДДВ-то и намалување на пензиите и платите на државните службеници.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во петокот ваквите предлози на Еврокомисијата ги оцени како „апсурдни“ и нагласи дека Атина нема да прифати никаков договор со кредиторите, ако тој не вклучува и преструктуирање на државниот долг на Грција. 

Варуфакис во изјавата за „Прото Тема“ нагласи дека докуметот што Брисел му го достави на Ципрас „граничи со навреда“. 

– Потребни ни се реформи, преструктуирање на долгот и инвестиции, ако не ги добиеме сите овие три елементи, нема да потпишеме (договор), додаде Варуфакис.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит