Варуфакис: Грција бара нов договор за економски подем на Европа

Од:

Грција бара нов општоевропски договор, кој ќе помогне за економски подем на Европа, изјави денеска новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис за време на преземањето на министерските надлежности од неговиот претходник Гикас Хардувелис.

Ветувајќи „умерен животен стандард“, новиот министер истовремено потврди дека земјата ќе „ја заврти страницата на економската политика“ и додаде дека е подготвен да преговара со меѓународните кредитори ЕУ и ММФ во врска со ова прашање.

– Ние не сакаме дуели меѓу Грција и Европа, ниту закани или тензично очекување кој прв ќе отстапи. Ние сакаме нов однос на доверба и искреност, истакна Варуфакис.

Тој нагласи дека „Европа докажа оти може да најде решение и да избегне ултиматум“, потенцирајќи ја „одличната атмосфера“, во која поминал неговиот прв телефонски разговор со шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум.

Варуфакис, кој од избувнувањето на должничката криза не престанува да ја критикува логиката на спасувачката програма на ЕУ и ММФ за земјата, повтори дека треба да се поправи грешката, која е дозволена при наложувањето на овој план во 2010 година.

Спасувачката програма, изработена со цел да се спречи банкрот на Грција и пад на еврото, беше придружена од кредити во износ од 240 милијарди евра во замена за строги мерки за штедење, кои ја доведоа земјата до длабока рецесија и зголемување на невработеноста.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит