Варуфакис добил 24.000 евра за интервју на РАИ

Од:

Во Италија не стивнува скандалот поради надомест од 24.000 евра што поранешниот грчки минстер за финансии Јанис Варуфакис ги добил за 22 минути интервју за италијанскиот јавен сервис РАИ.
Варуфакис добил и авионски билет за прва класа за интервјуто емитувано на 27 септември на РАИ 3.

Износот го обелодени Варуфакис на свој блог, каде открива колку добивал во последно време од разни предавања и интервјуа. Варуфакис вели дека тоа го направил за да негира тврдења дека по оставката во јули сака да се збогати на тој начин.

Тој набројува 20 настани на кои учествувал без надомест или само добил авионски билет како и за три на кои добил меѓу 500 и 1.700 евра.

Варуфакис имал два „комерцијални“ настапи – Интервју за РАИ и презентација на конференција во Сингапур за кои добил 24.000 односно 28.800 евра.

– Дали тоа Италијанците плаќаат претплата за да го наградат Варуфакис, запраша на Твитер Мара Карфања, портпарол на Форца Италија.

Варуфакис три дена пред да го има интервјуто за РАИ бил гостин во дебатна 60-минутна емисија на Би-Би-Си, за што добил само авионски билет за економска класа.

РАИ истакнува дека со Варуфакис контактирала продуцентската куќа „Ендемол“, која договирила надомест за интервјуто.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица