Вархеји: Очекувам да работиме заедно со Лајчак

Од:

Комесарот за проширување Оливер Вахеји, го поздрави изборот на Мирослав Лајчак на функцијата специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан.

– Очекувам да работам заедно со Мирослав Лајчак како избран Специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина. Долгорочниот мир и стабилност на Западен Балкан се приоритети за ЕУ, напиша Вархеји на Твитер.

При назначувањето на новиот специјален претставник на ЕУ за дијалог и Западен Балкан, многу земји-членки инсистираа на тоа неговиот мандат да не се совпаѓа со оној на комесарот за проширување кога станува збор за Западен Балкан.

Во Брисел потенцираат дека примарна улога на Мирослав Лајчак ќе биде да работи на нормализирање на односите Белград-Приштина и дека во регионалните рамки тој ќе биде посветен на подобрување на добрососедските односи и помирување меѓу партнерите на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Вархеји: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога

А1он