Вархеји: ЕУ повторно има кредибилитет на Западен Балкан

Од:

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека Западен Балкан е голем предизвик и голем приоритет за Европската Унија и оцени дека Европска комисија успеала повторно да воспостави кредибилитет на Унијата во регионот.

Тој во видеоинтервју за американската организација „Адвокаси енивеар“ (Advocacy Anywhere) истакна дека ЕК напорно работела и успеала во воспоставување на силно присуство на ЕУ на Западен Балкан.

Вархеји најави дека ЕУ на есен планира економски и развоен инвестициски план за Западен Балкан.

– Целта е Западен Балкан посилно да се поврзе со економиите и општетствата на ЕУ, посочи Вархеји, додавајќи оти сите балкански земји сакаат да и се придружат на Унијата.

Тој осврнувајќи се на односите ЕУ – САД наведе дека „во соседството гледа некои клучни предизвици“ за кои Брисел во соработка со Вашингтон може да изнајде решение, при тоа наведувајќи го примерот со Дијалогот Белград – Приштина.

Според еврокомесарот соработката помеѓу ЕУ и САД е неопходна и за решавање на проблемите поврзани со Украина и Блиски Исток.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски