Поранешниот претседател на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј во емисија на Франс 24 предупреди дека се можни немири во регионот од поранешна Југославија без интеграција во ЕУ.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Херман Ван Ромпој, кој е поранешен премиер на Белгија и претходник на Донал Туск во Европскиот совет, во интервју за француската телевизија беше прашан за отпорот на западните земји членки кон проширувањето и препораката на Европската комисија да се отворат преговори за членство со Македонија и Албанија.
– Одамна се зборува за „замор“, но, знаете, станува збор за мир на Западен Балкан. Европската унија е мировен проект и доколку земјите од поранешна Југославија не станат дел од европското семејство, на еден или друг начин, некои како членки, а други преку придружни договори, тогаш граѓанска војна може повторно да избие во тие земји, одговори Ван Ромпуј.