Вакцините во Грција пристигнаа порано, преку Бугарија

Од:

Преку грчко- бугарската граница, од преминот „Промахонас“ во Грција, порано од најавеното, вечерва пристигна камионот со првата пратка од 9.750 дози на вакцината за Ковид-19, а веќе во недела и официјално ќе започне вакцинацијата во земјата, односно т.н. „операција Слобода“.

На граничниот премин беше заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и претставници на грчката полиција и војската, со што започна спроведувањето на планот „Хипократ“ на грчката полиција за вакцините безбедно да пристигнат во магацините со фрижидерите во Атина.

На целиот пат до Атина, камионите ќе бидат под полициско обезбедување, а и магацините ќе бидат под 24-часовен надзор.

Вакцините ќе се чуваат во специјални фрижидери за длабоко замрзнување, од каде што ќе се пренесуваат во центрите за вакцинација кои се вкупно 1.018 во цела Грција.

„Операцијата Слобода“, односно вакцинацијата ќе започне во недела, во пет атински болници,а првите вакцини ќе ги примат повозрасен граѓанин, медицинско лице, но и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу.

Би можело да ве интересира

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он