Утре Словенија бира претседател

Од:

Утре Словенија го бира својот претседател. Во игра се  тројца претендендти за оваа функција.

Во анкетите  води досегашниот претседател Данило Тирк.

Конкуренти на претседателот му се поранешниот премиер Борут Пахор и пратеникот во Европскиот парламент Милан Звер.

Според анкетите на порталот Дело, Данило Тирк би освоил 44 отсто од гласовите, Борут Пахор 31 отсто, а Милан Звер 25 отсто од гласовите на Словенците.

Во пресрет на изборите, во јавноста најмногу се зборуваше за најновите судири на Љубљанска банка и ратификуваната спогодба за пристап во ЕУ.

Актуелниот претседател Данило Тирк изјави дека овој проблем може да се реши до крајот на годината, поранешниот премиер Борут Пахор рече дека Хрватска не е најдобар сосед, додека кандидатот Милан Звер, истакна дека земјата мора да дејствува како кредибилен партнер со соседите.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски

Радаковиќ: Евидентирани нерегуларности на неколку избирачки места на северот на Косово

Огромен интерес кај Србите за гласање, гужви на избирачките места

Почнаа изборите во Косово, српската заедница бара да се врати во институциите

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ