Уставниот суд му ја укина затворската казна на загрепскиот градоначалник

Од:

Уставниот суд на Хрватска денеска му го укина истражниот затвор на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ, кој во затворот Реметинец беше вратен на 10 март, откако се прошири истрагата за случајот Аграм.

Усвојувајќи ја уставната тужба на Бандиќ, Уставниот суд укина три решенија на загрепскиот Жупаниски суд, што беа донесени во март годинава.

Ускок вчера побара Бандиќ и натаму да остане „зад решетки“, а истражниот судија на загрепскиот Жупаниски суд денеска го одложи рочиштето на кое требаше да одлучува за овој предлог, веднаш по добивањето на информацијата дека Уставниот суд одлучи по уставната тужба на Бандиќ.

Во аферата Аграм Бандиќ е осомничен дека го оштетил градот Загреб, со кој управува 12 години, но и дека со неплаќање данок на донации примени во неговата претседателска кампања во 2010 година го оштетил државниот буџет. Вкупната „штета“ обвинителството ја процени на околу 20 милиони куни.

Истрагата против Бандиќ беше проширена откако Вида Демарин, како претседателка на управниот совет на Загрепската фондација за помош на лицата заболени од цереброваскуларни болести, на истражните органи им раскажала дека Бандиќ во два наврата ја наговарал да го смени својот исказ и да потпише документ со невистинита соддржина.

Кон средината на февруари против Бандиќ беше покренато и обвинение со кое Ускок го товари дека со двајца други обвинети од здружението „Во име на семејството“, при собирањето потписи за распишување на референдумот „ Да ги бираме пратениците со име и презиме“ се стекнал со незаконска корист од најмалку 308.000 куни. Но, загрепскиот суд ова обвинение му го врати на обвинителството на доработка.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб