Уште едно дете направило листа за ликвидација: Веднаш повикана полиција, мајката рекла дека само си играл

Од:

Деветгодишно дете од основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Белград направило список со ученици кои наводно сака да ги убие. Дополнително, секогаш кога влегувал во училиштето, се правел дека пука во обезбедувањето.

Денеска околу 10 часот во белградската полиција се јавила помошничката директорка на основното училиште Десанка Максимовиќ и пријавила дека подолг период имале проблем со ученик од трето одделение.

Раскажала дека кога момчето пристигнало во училиштето се преправало дека пука во обезбедувањето и дека потоа ги бркало помалите деца во дворот. Потоа тоа влегло во одделението и направил список со сите ученици што сака да ги убие.

Велат дека долго време имале проблем со тој ученик, како и дека го известиле Центарот за социјална работа, но дека не добиле никаков одговор досега.

– За се е известена и мајката на малолетникот, која изјавила дека тоа е дел од неговата игра и дека тој е добро дете – пренесува Информер.

„Во неколку училишта утрово децата под влијание на вчерашниот настан почнаа на шега да го симулираат вчерашниот настан.Во нашето училиште момче од трето одделение симулираше пукање, немаше пиштол и тоа го сметаше за шега. За да го имитира вчерашното сценарио, тој го направил и списокот. Кога го прашавме кои се неговите намери, тој рече дека сето тоа го направил на шега“ – велт од училиштето.

Децата  пријавиле кај наставникот и училиштето презело дополнителни чекори.

Уште еден случај утрово ја вознемири јавноста во Србија. Малолетник донел пластичен пиштол во училиштето.

Полицијата во Обреновец рано денеска го уапси таткото на малолетниот ученик кој утринава во ОУ „Јефимија“ во Обреновец по едноминутното молчење извадило пластичен пиштол. Со него во полиција отишол и неговиот син.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски