Спасувачките екипи денеска во деловите на бугарскиот приморски град Варна што минатата недела ги зфатија поплави, пронајдоа тело на едно удавено дете, јави БТА.
Со ова бројот на жртвите од поплавите во Варна се искачи на 12 лица.
Безживотното тело на детето било пронајдено во насебата Аспаругово во Варна, која беше најтешко погодена од поплавите предизвикани од поројните дождови што во четвртокот ја зафатија североисточна Бугарија.
Бугарската полиција соошти дека засега не е познато дали откриеното тело му припаѓа на едно од двете деца кои се водат како исчезнати при поплавите или пак станува збор за сосема нова жртва.