Уште еден млад Косовец го загубил животот на боиштата во Сирија, со што официјалната бројка на загинати Косовци во оваа блискоисточна земја се искачи на 14.
Станува збор за Реџеп Морина (26) од селото Дреноц кај Малешево. Веста за неговата смрт ја потврдиле од членови од семејство, на кои пак веста им ја соопштиле две лица кои дошле кај нив дома и им рекле „вашиот син загина како шехид на сириско тло“, објавуваат косовските медиуми.
Реџеп Морина пред неколку години заминал во Египет на студии и од таму се вклучил во војната во Сирија.
Во Сирија и Ирак се борат најмалку петстотини Албанци од регионот на Балканот, а нивен лидер е Лавдерим Мухаџери (25) од косовскиот град Качаник, кој се смета за бастион на џихадистите.
Според официјалната бројка најголем број загинати има од Косово дури 14, од Албанија девет, Македонија седум и од јужнот дел на Србија еден. Неофицијално бројката е поголема.