Адвокатот Милош Малиџан, како и неговиот колега Никола Ристовиќ, му ја откажаа одбраната на Вељко Беливук и на сите членови на неговата организирана криминална група што тие ги застапуваа, кои се товарат за најтешки кривични дела меѓу кои и седум убиства.
Малиџан за Танјуг потврди дека заедно со Ристовиќ го откажал полномошното и дека повеќе нема да застапува никого во тој случај.
Ристовиќ утринава за Танјуг потврди дека се повлекува од случајот Беливук-Миљковиќ, а причината не сакаше да ја обвинува, наведувајќи дека тоа е адвокатска тајна.
Беливук и Миљковиќ и уште 28 членови на нивната група беа уапсени на 4 февруари минатата година, а оттогаш ги застапува адвокатот Ристовиќ заедно со Дејан Лазаревиќ.
Лазаревиќ беше уапсен на 14 април под сомнение дека е член на криминалната група на Дарко Шариќ.