Урсула фон дер Лајен пристигнува во Бугарија за отворањето на гасниот интерконектор со Грција

Од:

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ќе ја посети Бугарија за отворањето на интерконекторот со Грција, изјави самата за бТВ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Фон дер Лајен прокоментира дека рускиот претседател Владимир Путин во последните месеци гасот го користел како оружје.

-Сите 27 земји-членки се согласија дека треба да се бараат други извори на енергија освен руските, за ЕУ да се ослободи од оваа зависност. Со тоа почна актуелната енергетска криза во Европа, категорична беше шефицата на ЕК.

Причината за енергетската криза е војната на Путин во Украина, додаде таа.

Според Фон дер Лајен, многу е важно да се бараат алтернативи.

-Ќе бидам во Бугарија за отворањето на интерконекторот со Грција. Ова е добра одлука да се бараат сигурни извори кои не користат гас како оружје, рече Фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски