„Упатени се остри зборови, но не очекувам никакви последици“

Од:

Во изминатите неколку денови се слушнаа остри тонови во СПЦ по повод автокефалноста на Македонската православна црква.

Владиката бачки Иринеј оцени дека изјавата на епископот Лаврентиј – на Македонската православна црква треба да и се даде автокефалност, е крајно непромислена, несериозна и црквено-канонски неприфатлива.

Верскиот аналитичар Живица Туциќ за Радио Б92, изјави дека не е вообичаено вака да се разговара меѓу членовите на СПЦ, но дека не очекува последици.

„Упатени се преостри зборови. Точно е тоа што го вели епископот Иринеј, но афтокефалноста сега се добива многу потешко отколку што тоа беше случај порано и можеби епископот Лаврентиј не е запознаен со сите детали и донекаде изменетата процедура. Меѓутоа задача на СПЦ е сите епископи да ги запознава со развојот на настаните во целокупното православје“.

„Тоа е разлика во мислењето, не е разлика во доктрината на верата. Тоа е практично прашање, ако нешто се сака да се реши, ќе се реши, а ако не, тогаш засекогаш ќе остане некоја причина зошто не може“, вели Туциќ и додава дека најпрво треба да се реши прашањето за името на Македонија.

„Изгледа дека Американците вршат притисок на Атина, затоа што и Атина има остар став, а и Македонците не се доволно флексибилни. Јас за македонските медиуми говорев дека црквата треба да се вика Скопска архиепископија, тоа е толку убаво име, не мора да се вика Македонска. Не мора да има некоја национална придавка ако е тоа препреката. Треба да се биде практичен и реален“.

Би можело да ве интересира

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ