Неколку згради на Европскиот универзитет на Кипар во Никозија биле евакуирани утрово поради бомбашка закана, јави ТАСС.
Според полицијата, утрово добиле сигнал за поставена бомба во една од зградите на универзитетот.
Полицајците ги провериле сите згради на универзитетот. При пребарувањето не е пронајдено ништо сомнително.
Се очекува истрагата да заврши во текот на денот.