УНИЦЕФ: Дури 35.000 албански граѓани дополнително ќе ги погоди сиромаштијата, меѓу нив и 9.000 деца

Од:

Во последниот извештај што го објави УНИЦЕФ, се наведува дека војната во Украина дополнително ќе влијае на влошување на економските услови и за албанските граѓани.

Се проценува дека на бројот на сиромашни во Албанија се очекува да се додадат околу 35,400 лица, од нив околу 9.000 се деца.

Во објавените графикони, Албанија и Косово имаат највисока проценка за население кое ќе ризикува сиромаштија како резултат на последиците од војната во Украина.

-Во Косово се очекуваат поголеми бројки, достигнувајќи 41,500 лица. Документот ја прикажува и сликата за ситуацијата во регионот каде што се очекува да се додадат 28.000 лица на списокот на погодени од сиромаштија во Србија, 17,000 во Босна, 5,500 во Северна Македонија, 913 во Црна Гора, јави Ора њуз.

Споредено со населението од 2021 година, Косово води за најголем број на луѓе во ризик да бидат погодени од сиромаштија, со 3,7 отсто од вкупното население, потоа Албанија со 1,5 отсто, додека ефектот ќе биде помал во Црна Гора (0,1 отсто) и Северна Македонија (0,4) и Србија (0,6).

УНИЦЕФ проценува дека Албанија и Косово имаат најголем број деца кои ќе западнат во сиромаштија во регионот, со 1,2 односно 2,1 отсто од вкупниот број деца.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства