УНХЦР бара овозможување легален влез на бегалците во Европа

Од:

Европа треба да овозможи услови за легален влез на бегалците, изјави портпаролот на Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во Бугарија, Борис Чеширков во интервју за БТА.

– Потребни се повеќе мерки како одговор на хуманитраната криза која се зголемува пред нашите очи на границите во Средозменото и Егерјското Море и по копнените маршрути кон Европа, вели Чеширков.

Според него, освен солидарното прераспоредување на веќе пристигнатите имигранти, треба да се овозможат и услови за легален влез на бегалците во Европа, како и да се решаваат проблемите во изворите на кризата – вооружените конфликти на Блискиот Исток и во Африка и беззаконието во Либија.

– Бугарија и Унгарија се препознати како земји кои се соочени со предизвици и кои имаат потреба од поддршка, додава портпаролот на УНХЦР во Софија, нагласувајќи дека за таа цел е потпишан договор за помош од Европската комисија за бугарската Државна агенција за бегалци во износ од 4,1 милиони евра.

Чеширков наведува дека иако главната рута на илегалните имигранти низ Балканот не минува низ Бугарија, бегалците и во следниот период ќе продолжат да пристигнуваат во Бугарија, без да може да се утврди нивниот точен број.

Во моментов во шесте центри за прием на илегални имигранти во Бугарија се сместени 3.567 лица, од кои околу 2.800 се по потекло од Сирија.

Според податоците на бугарското Министерство за внатрешни работи секоја недела во Бугарија во просек пристигнуваат по околу 200 бегалци.

– Минатата недела пристигнаа 221, а од почетокот на годината нивниот број изнесува околу 4.400. Важно е да се нагласи дека 70 проценти од лицата кои пристигнале (во Бугарија) во 2015 година избегале од мега кризата во Сирија и Ирак, а 24 отсто се од Авганистан, изјавува Чеширков во интервјуто.

Тој наведува дека прогнозите на УНХЦР во однос на бегалците се црни.

– Светот војува. Во последниве пет години има 15 конфликти и тие се потешко се решаваат, дури и се продлабочуваат. Во исто време, меѓународната заедница не може да се обедини околку мерки, кои би ги намалиле страдањето на луѓето и уривањата во толку многу земји, додава Чеширков.

Според него, сметката за ваквата нерешителност на меѓународната заедница ја плаќаат бегалците.

– Ерата во која навлегуваме е историска, но поради негативни причини – 60 милиони лица се протерани од своите домови, а половината од нив се деца. Тоа е повеќе од кога било досега во историјата. Секој 122-ри човек на Планетата бил принуден да бега, потенцира Чеширков во интервјуто за БТА.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он