Унгарија ја затвора граничната зона за барателите на азил

Од:

Унгарската влада соопшти денеска дека ја затвора транзитната зона на својата јужна граница со Србија, каде што се сместени барателите на азил додека чекаат одлука за нивната апликација.

Ова го соопшти на прес-конференција шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергељ Гуљаш, додавајќи дека 280 баратели на азил ќе бидат префрлени во прифатните центри, додека во иднина барателите на азил во Унгарија ќе можат да ги достават своите барања до унгарските дипломатски мисии.

Чекорот на Владата уследи по минатонеделната одлука на судот на ЕУ, кој оцени дека држењето мигранти во транзитната зона се смета за притвор.

– Унгарската влада не се согласува со таа одлука, сметаме дека е ризик за безбедноста на Европа, но како земја членка на ЕУ, ќе се придржуваме до сите судски одлуки, потенцира Гуљаш.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Орбан: Унгарија од самиот почеток беше на страната на мирот

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија