Унгарија, Бугарија и Србија ќе градат гасен систем за поврзување со „Турски поток“

Од:

Унгарија постигна договор со Бугарија и Србија за изградба на систем за пренос на гас, кој би се надоврзал на втората траса од гасоводот „Турски поток“, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

– Унгарија е заинтересирана за дистрибуција на гас од „Турски поток“ по изградбата на неговата втора траса, изјави Сијарто во Москва по средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Сијарто истакна дека Унгарија апелира до ЕУ да не прави пречки за изградбата на „Турскиот поток“.

– Западна Европа може да купува гас од северната рута. Ние од Централна Европа сакаме иста таква можност. Сакаме Западна Европа и Брисел да не ставаат пречки, со цел да имаме можност да добиваме гас и од југ, изјави Сијарто, најавувајќи дека во 2020 година Унгарија ќе купи над четири милиони кубни метри гас од Русија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија