Умерен земјотрес регистриран и кај Карловац, во Хрватска

Од:

По Албанија, БиХ, и Црна Гора умерен земјотрес синоќа ја потресе и Хрватска, јавија хрватските медиуми.

Потресувањето на тлото било со сила од 2,9 степени според Рихтеровата скала и синоќа можело да се почуствува во Карловац, но и во делови од Загреб.

По серијата потреси во Албанија кои изминатите два дена можеа да ги почуствуваат жителите од јужните делови на Хрватска, синоќа потреси се почуствувале и во внатрешноста од земјата, пренесе загрепски „Јутарњи лист“.

Сеизмолошката служба информира дека во 20.17 часот на сеизмографите бил забележен умерен потрес со епицентар од околу 20 километри југоисточно од Карловац.

Би можело да ве интересира

Хрватска не оди во добра насока, сметаат 73 отсто од анкетираните граѓани

А1он

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

Наставничката со телото ги штитела учениците од напаѓачот додека ја бодел со ножот

Предраг Петровиќ

Детали за нападот во училиштето во Загреб – наставничката има 31 убодна рана

А1он

Се урнал покривот на сала во изградба во Шибеник, најмалку едно лице е повредено

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски