Земјотрес со интензитет од 5,2 степена според Рихтерова скала го погоди рано изутринава централниот дел на Албанија, соопшти Европско-средоземноморскиот сеизмолошки центар.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета .
Епицентарот на потресот, кој е регистриран во 3:59 часот, се наоѓал на 43 километри јужно од Тирана, на длабочина од 10 километри под површината на земјата.