Ултиматуми, закани и навреди по говорот на Ципрас во Европскиот парламент

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се обрати во Европскиот парламент во Стразбур, еден ден откако лидерите на еврозоната на Грција и поставија ултиматум до крајот на неделава да донесе нов предлог за реформи за можност да се продолжат преговорите за финансиската помош на државата. По неговиот говор, тој доби аплаузи, но и сериозни критики. Шефот на Европската народна партија дури го нарече и лажго.

Алексис Ципрас кажа дека народот на Грција му дал мандат за да најде економска и социјално одржлива ситуација за проблемот на Грција, без да ги повторува грешките од минатотт со кои земјата била осакатена.

-Уверен сум дека во следните два до три дена ќе бидеме во можност да ги испочитуваме обврските кои се во најдобар интерес за Грција и еврозоната. Мнозинството Грци нема друг избор освен да бара да им се даде решение, излез од проблемот. Бараме договор со нашите европски соседи, но не било каков, туку договор со кој Грција ќе излезе од кризата и со кој на крајот на тунелот ќе се појави светло, рече Ципрас.

638334_evropski-parlament-04reutersfoto-reuters_f

Грчкиот премиер кажа дека тоа мора да биде договор кој ќе содржи многу поприфатливи реформи од тие што кредиторите ги нудат.

-Мојата влада и јас дојдовме на власт пред пет месеци, и јас целосно ја преземам одговорноста за се што се случило во тој период. Но да бидеме искрени-проблемите на Грција не датираат од последните пет месеци, туку од пред пет години, рече Ципрас.

Алексис Ципрас рече и дека отписот на долгот воопшто не е “крадење на парите од европските кредитори“.

-Парите од кредитите воопшто не дојдоа до грчкиот народ. Тие пари и беа давани на Грција за да се спасат странските банки во Грција. За веропскиот проблем потребно е европско решение, рече Ципрас.

Ваквиот став го испровоцира шефот на Европската народна партија Манфред Вебер кој остро го искритикува грчкиот премиер.

638309_manfred-veber_ff

-Госпосдине Ципрас, ви аплаудираат европските екстремисти. Вие сте со погрешни пријатели, рече Вебер.

Тој грчкиот премиер го нарече лажго.

-Не ги лажи луѓето. Отписот на долговите нема да им наштети на банките, туку на медицинските сестри во Словачка и администрацијата во Финска, рече Вебер, алудирајќи на позајмиците кои тие две земји и ги дадоа на Грција, а од чие враќање засега нема ништо.

-Грција ја уништува довербата која владее во Европа. Доколку премиерот Ципрас ни се обрати, ќе мора да се извинува поради своите непримерни изјави, рече Вебер.

-Наместо да одржуваат референдуми, останатите држави членки за разлика од вас ги спроведоа потребните реформи и фискална консолидација, а која вие ја нарекувате катастрофа, се обрати Вебер.

638339_evropski-parlament-09reutersfoto-reuters_f

Се обрати и Гај Вехофштат, лидер на либералната струја во европскиот парламент кој го нападна Ципрас поради тоа што нема конкретен план.

-Ова не е расправа за тоа кој е постар, дали кокошката или јајцето. Алексис Ципрас мора да излезе со јасен предлог и план. Ако треба, лично ќе одам во Атина и ќе дискутирам за тоа, рече Верхофштат.

-Европскиот парламент почна да изумира. Планот пропадна. Цел Медитеран се најде на погрешен курс. Изграден е нов Берлински ѕид, а неговото име е евро, рече контраверзниот лидер на британскиот УКИП, Најџел Фараж.

483470_najdzel-feridz-ap_f

Тој го нападна на Манфред Вебер поради тоа што Ципрас го нарекол “одвратен“ и ја пофали грчката влада затоа што организирала референдум “против силеџиите од Брисел“.

-Доколку имате храброст, би требало Грција да ја исклучите од еврозоната и да бидето горди со тоа. Да, ќе биде тешко во првите месеци, но со враќањето на старата валута, со помош на пријателите од светот, за брзо време ќе се закрепнете, му порача Фараж на Ципрас.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит