Укинувањето на визните олеснувања за земјите од Западен Балкан нема да се случи брзо

Од:

Во брзо време нема да може да се укинат визните олеснувања за земјите од Западен Балкан, бидејќи Европскиот совет и Парламентот се уште не постигнале согласност за тоа, изјави денеска еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстрем.

Механизмот за суспензија на олеснувањата се уште не е усвоен поради несогласувањата во законодавните тела, а треба да се види дали тие воопшто можат да се решат, истакна Малмстрем денеска во Брисел.

Повеќе членки на ЕУ, на чело со Германија, минатата година повеќе пати побараа на земјите од Западен Балкан, од каде потекнуваат голем број од лажните азиланти, повторно да им бидат воведени визи за патување во државите од Шенген зоната.

Меѓутоа, утврдено е дека механизмот за укинување на визните олеснувања, кој ЕК одамна го предложи, не може да помине низ Советот и Парламентот поради несогласувањата во врска со вториот амандман кој е дел од истиот пакет, кој се однесува на барањето на Чешка да се воведат визи за Канаѓаните, а кој мора да се усвои по принципот „сите или ниеден“.

Проблемот на реципроцитет се уште не е решен, додаде Малмстрем, укажувајќи на овој амандман.

Канада, откако чешките Роми почнале масовно да бараат азил во оваа земја, воведе визи за сите граѓани на Чешка, која потоа побара ЕУ да им возврати на Канаѓаните со иста мерка.

Би можело да ве интересира

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување

Литванија сака регионално решение доколку ЕУ не се согласи да ги забрани туристичките визи на Русите