Ученик од Србија призна дека сака да направи масакр во градинка

Од:

Малолетниот Д.У. (16) од Бачка Топола, кој го привлече вниманието на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) со своите објави на социјалните мрежи, а пред да биде уапсен поради сомнение за педофилија и поттикнување национална, расна и верска омраза, покажувал девијантни однесување, објави Политика.

Ученикot во прва година во гимназијата „Светозар Марковиќ“ во Суботица, на рака ги врежал имињата на масовните убијци. Поради оваа причина, како што се претпоставува, тој на часовите по физичко дошол во маица со долги ракави, што предизвикало одреден сомнеж кај учениците од класот, но и кај професорите.

Според зборовите на соговорник упатен во случајот, се претпоставува дека училишниот психолог го иницирал разговорот со Д.У.

– Ученикот призна дека размислувал да направи масакр во градинката. Психологот веднаш ја извести директорката за содржината на разговорот со ученикот, а тој веднаш ја извести полицијата – изјави соговорникот на „Политика“.

Душан Павловиќ, директор на гимназијата во Суботица, рече дека побарал од родителите и колегите да се обидат да ја смират ситуацијата.

– Апсолутно нема причина за каква било паника, во училиштето владее нормална атмосфера, а делата за кои се товари Д.У. не биле извршени на училиште – изјави Павловиќ за „Политика“.

Тој нагласи дека до објавувањето на кривичните дела за кои е осомничен нивниот ученик, раководството на гимназијата немало сознанија за неговите активности на интернет.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Кочани: Насилник со нож ранил малолетник

15-годишник избодел двајца тинејџери, се бара пртивор

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

МВР: Возач на ЈСП истепал малолетник

ОЈО започна истрага за малолетник кој предизвика пожар во Кисела Вода

Татко на портпарол од партија во власта допирал по телото 16-годишно момче

A1on