Убиство во Нови Бечај: Со нож ја избоде сопругата

Од:

Р.М.(39) од Бочар крај Нови Бечеј, рано утрово најверојатно со нож ја уби невенчаната сопруга С.Т.(41). Осомничениот е уапсен, а полициската истрага е во тек, потврдија од полицијата за Телеграф.рс.

Како што пишува Информер, ден пред убиството, во вечерните часови Р.М., ја претепал жената која поради насилството на нејзиниот сопруг се засолнила кај соседот.

Потоа ја молел да се врати дома, а кога се појавила несреќната жена, насилниот сопруг и нанел убодни рани со нож, од кои таа починала. Соседите велат дека еден час пред убиството се слушнале истрели.

Осомничениот и претходно имал проблеми со законот, а неодамна бил пуштен од затвор во Австрија, каде одлежал три години, поради поседување и пуштање во промет на наркотици.

Би можело да ве интересира

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син