Јован Вукотиќ, водачот на Шкаљарскиот клан кој беше убиен во Истанбул на 8 септември годинава, влегол на територијата на Турција со фалсификувани документи на име на Предраг Поповиќ, а претходно бил подложен на операција за промена на лицето, извести турската полиција, јавува Анадолија.
Канцеларијата на турската полиција за безбедност, борба против шверц и организиран криминал (КОМ) соопшти дека е неопходно да се објават нови информации за водачот на кланот, Јован Вукотиќ, за кого претходно се огласиле, поради, како што наведоа, имало многу дезинформации, пишува Побједа.
Вукотиќ, кој бил жител на Србија и Црна Гора и по кого е распишана потерница, бил уапсен во Анталија на 8 септември 2018 година, а два дена подоцна од безбедносни причини бил предаден на заменик министерот со торба над главата.
Вукотиќ потоа поминал 15 месеци во затвор во Србија, по што бил предаден на Црна Гора, каде по краток престој во затвор повторно бил ослободен.
Турската полиција наведува дека оваа информација ја добила писмено од релевантните земји откако Вукотиќ беше убиен во вооружен напад во Истанбул на 8 септември годинава.
Наведено е дека „Вукотиќ илегално влегол во Турција со пасош што го добил на Косово под лажно име Предраг Поповиќ, додека претходно бил подложен на операција за промена на лицето“.