Ранко Радошевиќ или Ескобар (54), кој беше убиен вчера во Белград, е познат по својата работа во подземјето – продавање блиндирани возила на луѓе од криминалното подземје. Како што дознава „Блиц“, Ескобар обичните возила ги „модифицирал“ во блиндирани возила и ги продавал.
Радошевиќ беше убиен на бензинската пумпа, во кафулето каде што редовно престојувал, кога во него било пукано од страна на двајца маскирани напаѓачи.
Радошевиќ бил во контакт со Вељко Беливук и Марко Миљковиќ кога кај нив бил пронајден автомобил регистриран на негово име. Се претпоставува дека членовите на кланот Беливук биле клиенти и на Радошевиќ.
Напаѓачите на Ескобар беа фатени на камерите за видео надзор како носат качулки и хируршки маски.
Полицијата даде опис на сторителите и дека едниот е висок 175, а другиот 180 сантиметри.
Во Радошевиќ еден од убијците со качулка на главата и хируршка маска преку устата и носот испукал седум истрели, од кои пет во телото и два во главата. Дури кога се уверил дека ја „завршил работата“ излегол од кафеаната со соучесник. Побегнале со „голфот 4“ кој подоцна е пронајден запален.
Убиениот Ранко Радошевиќ викан Ескобар наводно бил член на кланот на Горан Мијатовиќ од Бежанија, ликвидиран во Белград.