Момчето (13) од ОУ „Владислав Рибникар“ повеќе од еден месец ковало крвав план и список да ги убие другарите, а за тоа време поминувал време со нив, играл и се дружел како се да е нормално.
Момчето, да потсетиме, својата крвав пир го реализираше на 3 мај, кога во училиштето во кое учеше уби осуммина свои другари и чувар Драган В.(51), а рани шестмина и наставничката по историја Т.С.(54). Сепак, според началникот на белградската полиција Веселин Милиќ, кој истиот ден го обелодени планот на момчето и неговиот список за отстрел, тој сакал да ги убие еден месец порано во училишниот двор.
– Момчето во полиција изјави дека пред извесно време планирал да направи нешто слично на училишното игралиште, но потоа се откажал од таа идеја – рече началникот Милиќ.
Извор на Курир тврди дека момчето се откажало од првичната идеја бидејќи сметало дека не размислил сè и дека тоа може да биде „пропуштена шанса“.
– Беа на отворено, мислеше дека најверојатно ќе избегаат ако го извади оружјето и дека исходот нема да биде како што сака. Затоа направи прецизен список со имињата на неговите пријатели, а потоа мапа како во некоја видео игра – вели изворот на Курир и додава:
– Ја следел шемата на влегување и излегување од училиштето, како и распоредот на училницата и почнал да убива според неа, но не сметал на отпорот на чуварот и наставникот, како и на учениците кој му застанаa на патот.
Според истиот извор, момчето во тој месец најнормално се дружел со другарите додека го правел планот, одел на родендени, прослави, па дури и екскурзија.