Уапсени поранешни српски војници поради убиство на 78 цивили во БиХ

Од:

Двајца поранешни припадници на војската на босанските Срби се уапсени денеска од полицијата по налог на Судот на БиХ, поради сомнеж дека учествувале во убиство на над 70 цивили од подрачјето на општина Кључ во 1992 година.

Тие се под истрага поради сомнеж дека на 1 јуни 1992 година учествувале во нападот врз селото Велагиќи, при што била заробена поголема група цивили, однесени пред зградата на основното училиште во селото, барале да се постројат и потоа пукале во нив.

Брутално биле убиени најмалку 78 цивили, чии тела потоа биле пренесени со камиони и закопани во масовна гробница, која е откриена и ексхумирана во 1996 година.

Двајцата уапсени се товарат дека извршиле кривично дело злосторство против човештвото.

Општината Кључ била под окупација на српски паравоени единици до септември 1995 година, кога е ослободена при заедничките акции кои ги спровеле Армијата на БиХ, ХВО и хрватската војска.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина