Уапсени двајца потпалувачи на пожари во Грција

Од:

Две лица, кои се осомничени дека потпалувале шумски пожари беа уапсени во Грција, соопшти противпожарната служба.

На островот Хиос е уапсен 24-годишен овчар.

Тој признал дека запалил 15 пожари од 2011 година до денес.

Младиот човек бил уапсен на местото каде гори еден од пожарите.

На островот Закинтос пожарникарите, во соработка со полицијата уапси 61-годишен локален жител, обвинет за подметнување на пожар во шумата.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски