Белградската полиција ја уапси 27-годишната Марина Ч. од Зајечар заради сомнение дека свесно заразила со ХИВ вирус неколку мажи.
Како што соопштува полицијата, Марина не е проститутка, туку работи како секретарка во градежна фирма, а во план и било да биде унапредена во помошник на директорот.
„Во текот на приведувањето и сослушувањето во полицијата делувала многу ладнокрвно. Ако се докаже нејзината свесна намера и се заканува казна од две до 12 години затвор“, изјави соговорник на весникот „Прес“.
Полицијата на Марина и влегла во трагата кога пред еден месец ја пријавил поранешниот љубовник кого го заразила, а тој потоа вирусот и го пренел на сопругата.
Според информации до кои дошол белградскиот весник „Телеграф“, во текот на истрагата било утврдено дека уапсената имала сексуални односи и со двајца белградски политичари.