Уапсена и мајката на детето кое го изврши масакрот во Белград

Од:

Уапсена е и мајката на малолетниот Коста кој утрово изврши масакар во основно училиште во белградската населба Врачар и при тоа уби 8 деца и чуварот во училиштето.

Момчето од куќата одзело ЦЗ99 со три шаржери и четири молотови коктели. Влегол во училиштето и најпрвин се скарал со чуварот по што пукал во него од 14 метри далечина и го убил. Својот крвав поход го продолжил низ ходникот каде застрелал три девојчиња. Потоа, влегол во училницата по историја и стрелал во наставничката и во учениците. Кај него е пронајден и пиштол од мал калибар по апсењето

Претходно полицијата информираше дека уапсен е и неговиот татко. Таткото бил сопственик на пиштолите со кој малолетникот го извршил масакарот.

Изјавил дека поседува неколку оружја кои ги чувал затворени под шифра, но очигледно детето ја знаело шифрата.

– Двата пиштоли, оној во ранецот и оној со кој е извршено ова кривично дело, биле во легална сопственост на таткото на момчето. Тој тврди дека биле заклучени во сеф, под шифра, има неколку оружја, од 2016 и 2017 година, но очигледно детето имало шифра за тие пиштоли и до муниција бидејќи носел три полни рамки со по 15 куршуми, рече министерот Гашиќ

Како што рече министерот Братислав Гашиќ, момчето оодело редовно  на стрелиште со својот татко и вежбало гаѓање.

Момчето, како што беше кажано на вонредна медиумска конференција, подолг период го планирал масакарот и имало список со имињата на децата кои планирал да ги ликвидира. Претрес е направен и во домот на малолетникот и притоа списокот и планот на училиштето се пронајдени на неговото биро во неговата соба.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата