Уапсен српски фудбалер поради шверц на 115 килограми кокаин

Од:

Дамјан Рогановиќ и Душан Петковиќ се уапсени во Амстердам како членови на организирана криминална група која шверцувала 115 килограми кокаин. Како пишува српски Блиц, уапсениот Петковиќ е син на покојниот Илија Петковиќ, поранешен фудбалер и тренер.

Тие беа уапсени во заедничка меѓународна акција на Обвинителството за организиран криминал на Србија, БИА, Министерството за внатрешни работи, надлежните јавни обвинителства на Белгија и Холандија, Европол и Евроџаст, при што беа уапсени осум лица, а се запленети вкупно 115 килограми кокаин.

Во акцијата што ја води српското обвинителство, уапсени се осум лица, а се трага по останатите членови на организираната криминална група.

Уапсените се сомничат за кривични дела здружување за извршување кривични дела и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Истражителите се сомневаат дека членовите на оваа организирана криминална група од територијата на Јужна Америка организирале транспорт на поголема количина на наркотична дрога кокаин до пристаништето во Ротердам и натамошен транспорт на оваа наркотична дрога до белгискиот град Арлон, каде што во заедничка акција на надлежните државни органи на Србија, Белгија, Холандија и Луксембург запленети се вкупно 115 килограми од таа дрога.

Оваа организирана криминална група требало да го дистрибуира кокаинот кој бил пронајден во хангарот во Арлон преку германска шпедиција до германскиот град Трир, а потоа и до хангарот на таа компанија во Лондон за понатамошна продажба.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ