Уапсен Слободан Кашчелан, еден од лидерите на Кавачкиот клан

Од:

Црногорската полицијата синоќа во Котор го уапсила наводниот водач на криминалниот Кавачки клан, Слободан Кашчелан, пренесува весникот „Вијести“ од Подгорица.

Според весникот, повикувајќи се на неименуван извор вклучен во истрагата, Кашчелан бил уапсен под сомнение за организирање криминална група, која извршила и планирала неколку тешки кривични дела, за кои му се заканува казна и до 40 години затвор.

Изворот на „Вијести“ додава дека во акцијата на полицијата се уапсени уште најмалку четири други лица. Кашчелан и тројца членови на неговата криминалната група биле уапсени во Котор, додека еден бил уапсен во Плевље.

Кашчелан во полициските архиви е регистриран како еден од водачите на Кавачкиот клан, заедно со Радоје Звицер.

Управата на Црногорската полиција синоќа не даде официјално соопштение за деталите за апсењата.

Би можело да ве интересира

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

Нов инцидент меѓу Кавачкиот и Шкаљарскиот клан: Полицијата уапси двајца насилници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ