Уапсен и таткото на детето кое го изврши масакрот – го носел синот да учи да пука во стрелана

Од:

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ изјави дека покрај момчето кое го изврши масакрот во училиштето во Врачар, уапсен е и неговиот татко.

Тој бил легален сопственик на двата пиштоли со кој пукало момчето.

Изјавил дека поседува неколку оружја кои ги чувал затворени под шифра, но очигледно детето ја знаело шифрата.

Момчето, како што беше кажано на вонредна медиумска конференција, подолг период го планирал масакарот и имало список со имињата на децата кои планирал да ги ликвидира. Списокот и планот на училиштето се пронајдени на неговото биро во неговата соба.

На училиште дошол со оружје што го зел од татко му но и со 3 рамки полни со по 15 куршуми.

„Според неофицијални информации, тој одел редовно на стрелиште заедно со неговиот татко, тренирал стрелање. Дали во тоа треба да се вклучи дете од 12, 13 години? Против неговиот татко ќе бидат преземени мерките предвидени со закон – објасни министерот Гашиќ.

Ученикот уби седум девојчиња, едно момче и чуварот – училишно обезбедување.

Веселин Милиќ, началник на белградската полиција, изјавил дека студентот повикал полиција и рекол: „Јас сум Коста Кецмановиќ“, и пријавил дека пукал во неколку лица.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата