Уапсен Драгослав Космајац – Најголемиот нарко-дилер на Балканот

Од:

Српската полиција го уапси Драгослав Космајац, кој пред неколку месеци лично од премиерот Александар Вучиќ беше посочен како еден од најголемите нарко-дилери на Балканот.

Toj бил уапсен во неговиот стан во Белград, а заедно со него се приведени уште седум лица. Полициската акција, како што објави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ на вонредна прес конференција утрово, била резултат на четиримесечна истрага за фаќање на Космајац.

Сите уапсени се државјани на Србија. Дел од нив биле приведени во Белград, а дел во Сремска Митровица и се сомничат дека му помагале на нарко-дилерот во серија кривични дела – од шверц до даночно затајување.

Космајац се посочува како еден од најважните трговци со опојни дроги на Балканот. Тој се поврзува со шверцот на дрога од Јужна Америка, од каде наводно организира транспорт на огромни количества кокаин во Европа.

На рутата на шверцот на Космајац, според српските власти, се наоѓа и Македонија. Наводно, тој има разработен канал за пренесување на дрогата од Турција, преку Бугарија, Македонија, Црна Гора и Србија за земјите од Западна Европа.

-Сите се плашат од него. Велат дека е наинтелигентниот човек што го виделе и сите се по малку фасцинирани од него, изјавил Вучиќ, обвинувајќи дека досега немало политичка волја за пресметка со овој криминалец.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград