Твитер пресметка со Словенците

Од:

Градоначалникот на Ријека, Војко Оберснел преку својот Твитер профил ги критикуваше најавите на словенечкиот министер за надворешни работи дека Хрватска “можеби никогаш нема да влезе во ЕУ.”

„Словенците велат дека можеби никогаш нема да влеземе во ЕУ. Дојде време некој конечно да им рече, можеби ние нема во ЕУ, но ниту вие ќе можете на Јадранот”,го пренесува index.hr твитерот на Оберснел.

Пресметката на социјалната мрежа ја предизвика изјавата на словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец, дека ако не се најде решение за “Љубљанска банка” не само што Хрватска нема да влезе во Европската унија на 1 јули, како што е предвидено, туку и поради ситуацијата во ЕУ (на која проширување во моментов не и е приоритет) хрватското членство генерално би било доведено во прашање.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг