Туск по средбата со Ципрас: Се согласивме дека единството во ЕУ е клучно

Од:

Претседателот на Владата на Република Грција Алексис Ципрас денеска наиде на студен прием во Брисел, каде беше примен од највисоките претставници на Европската унија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Додека Европската комисија се уште не лиферува никакво соопштение од утринската средба на Ципрас со претседателот на неформалната Влада на Унијата, Жан-Клод Јункер, Европскиот совет информираше за средбата на неговиот претседател Доналд Туск со грчкиот премиер.

Според соопштението од Советот, Туск имал задоволство да го пречека новиот премиер на Грција и дека двајцата имале отворен и искрен разговор во врска со голем број на прашања од заеднички интерес.

– Што се однесува до европската финансиска помош за Грција, јас ја нагласив потребата да се најде прифатливо решение за сите земји-членки кои се вклучени во преговорите. Тие преговори ќе се одржат во рамки на Еврогрупата. Тие ќе бидат тешки, ќе бараат соработка и дијалог, како и определени напори од страна на Грција – истакна Туск во соопштението до медиумите.

Според претседателот на ЕС, тој и Ципрас се согласиле за важноста на единството во рамки на Европската унија во однос на другите клучни предизвици со кои се соочува Европа.

Во исто време со средбите на премиерот на Грција со највисоките претставници на ЕУ, во седиштето на НАТО во Брисел се одржува и средба на новиот грчки министер за одбрана, Панос Каменос, со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит