Лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи денеска изјави дека турските сили стационирани во Северен Кипар и остануваат лојални на Владата во Анкара и дека обидот за воен удар во Турција немал никакви последици врз островот.
Во изјава за кипарската телевизија на турски јазик БРТ, Акинџи нагласи дека севернокипарските власти „презеле бројни мерки на претпазливост за да спречат провокации“ и дека воените заповедници „ги извршуваат своите обврски во рамки на командниот систем“.
– Пробллемите треба да се решаваат само со демократски средства, порача Акинџи.
Во северниот дел на Кипар се стационирани околу 35.000 припадници на Вооружените сили на Турција.