Турските адвокати протестираа против правосудната реформа

Од:

Претседателите на неколку турски адвокатски асоцијации од различни градови протестираа денес во близина на Анкара откако полицијата го блокираше автопатот и ги спречи да стигнат до главниот град, јавуваат агенциите.

Адвокатите тргнаа пеш од различни градови кон Анкара минатата недела, во знак на протест против владините планови за измена на законот што ја регулира работата на адвокатите и нивните здруженија, вклучително и начинот на кој тие избираат претседатели на регионални здруженија.

Адвокатите велат дека измените се насочени кон намалување на бројот на здруженија, чии членови во голем дел се остри критичари на Владата на Реџеп Таип Ердоган.

Полицијата ја блокираше групата на главниот автопат што води кон градот, а имаше и краток судир меѓу адвокатите и полицајците.

Би можело да ве интересира

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите