Турскиот претседател очекува Бугарија да ги открие причините за нападот на лидерот на ДПС

Од:

Претседателот на Турција Абдула Ѓул испрати телеграма до Ахмед Доган, во која изразува длабоко жалење за вчерашниот обид за атентат врз него, јави бугарската агенција БТА.

„Со огромно жалење дознав за извршениот обид за атентат врз вас за време на Националната конференција на ДПС. Најголема утеха ни е дека не сте повредени. Се надевам дека властите во Бугарија во најкус можен рок ќе ги откријат причините за тој напад“, се вели во телеграмата од Ѓул.

Тој уште истакнува дека секогаш ќе се паметат заслугите на Ахмед Доган, посветени на мисијата членовите на турското малцинство во Бугарија да заземат место во политичкиот и јавен живот на Бугарија како нејзини полноправни граѓани.

Би можело да ве интересира

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија