Турскиот премиер Давутоглу во Атина се сретна со грчкиот претседател Папуљас

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска во Атина се сретна со грчкиот претседател Каролос Папуљас, пренесоа светските агенции.

Односите меѓу Грција и Турција треба да бидат темелени на добрососедство и почитување на меѓународното право, изјави Папуљас, по средбата со турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Давутоглу денеска пристигна во дводневна официјална посета на Грција.

Папуљас подвлече дека го поздравува претстојното трето заседание на Грчко-турскиот совет за соработка на највисоко ниво, информира ТАСС.

– Се може да се промени, но не и географската положба. За среќа, ние сме соседи, а има толку малку примери за соседи кои ги поврзува заедничката култура и добрите односи, рече турскиот премиер.

Давутоглу го покани грчкиот претседател да ја посета Турција.

Тој во Атина е придружуван од девет турски министри, како и од 200 бизнисмени, информира ДПА.

Грчката полиција за денеска и утре ги забрани сите протести во Атина. Стотици полицајци за борба со безредијата се разместени во центарот на Атина.

Посетата на турскиот премиер на Грција се оддржува на одгласите за затегнати односи меѓу двете земји заради неуспехот на преговорите за надминување на кипарскиот проблем и сеизмичките истражувања за откривање јаглерод водороди во посебната економска зона на Република Кипар, што ги презема официјална Анкара.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата