Турскиот брод кружи на работ од грчкиот континентален гребен, тензиите не се смируваат

Од:

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс“, кој според официјална Атина, се наоѓаше во грчкиот континентален гребен, доцна синоќа го напушти, се упати североисточно, но рано утрово го смени за 180 степени правецот и плови паралелно со текот од претходните денови, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, бродот плови во кипарската ексклузивна економска зона и во рамките на издадената турска навигациска инфрмација (Navtex), за која Грција смета дека е нелегална.

„Оруч Рејс“,го следат турски воени бродови, а во морскиот дел распоредени се и грчки сили.

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис во вчерашната порака до граѓаните рече дека „милитаризирањето од страна на Турција претставува признавање на непостоењето на силни правни позиции“ и додаде дека на распоредувањето на турската флота, Грција одговорила со својата, „поставувајќи ги во готовност вооружените сили“.

-Нека знаат сите: опасноста од несреќа демне кога толку воени сили се концентрирани на ограничен простор, а одговорноста во таков случај ќе ја има оној кој ги предизвикува овие услови, истакна грчкиот премиер.

Мицотакис додаде дека Грција „не се заканува, но и не се уценува и затоа и не потпаѓа под закани и уцени, ниту пак толерира провокативни активности“, упатувајќи порака дека ниту една провокација нема да остане неодговорена.

Би можело да ве интересира

Титовиот брод „Галеб“ се врати во Риека како музеј, се очекуваат околу 50.000 посетители годишно

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски