Турски војници обвинети за попречување на работата на Владата

Од:

Суд во Истанбул им изрече мерка притвор до отпочнување на судскиот процес, на седуммина војници обвинети за „попречување на работата на Владата, членство во терористичка група и шпионажа“.

Судумината обвинети се дел од групата од десет војници кои беа приведени во врска со аферата со претресување на конвој камиони, кои според непотврдени информации пренесувале оружје за сириските бунтовници.

По сослушувањето во Кривичен суд во Истанбул, тројца од војниците се ослободени, а на седумината останати им е одредена мерка притвор.

Приведените војници во јануари минатата година во јужните турски провинции Хатај и Адана запреле и претресувале камиони, поради сомнеж за шверц на оружје. Според информациите што се појавија на интеренет медиумите, камионите и припаѓале на Турската национална разузнавачка агенција (МИТ) и со нив требало да им биде испорачано оружје на бунтовниците во Сирија.

Турските власти кои негираат дека им доставуваат оружје на сириските бунтовници, тврдат дека зад целата афера стои „паралелната структура“ во државните органи, поврзана со проповедникот Фетула Ѓулен.

Истрагата за целиот случај со камионите се водеше во најголема тајност и водечките турски медиуми не објавија ништо за неа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ